ВЕСТИ

Баута-Шаќири: Сериозно да се сфати објавувањето нечии фотографии и телефонски броеви, проблемот е чест

Во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“, на Алсат, активистката Елиса Баута-Шаќири рече дека покрај уцените, објавувањето приватни фотографии и телефонски броеви на девојчињата е проблем сам по себе. Според неа, не се само овие екстремни прашања на уцена, туку и сите останати прашања што се неприфатливи во ова општество. Затоа, Баута-Шаќири проценува дека е дојдено време сериозно да се сфати ова прашање.

Advertisements

„Освен што се појавуваат овие феномени, постојат и други феномени кои можат да бидат малку поблаги, но тие имаат многу лошо влијание врз психологијата на младите девојки. Тоа значи стигматизирање на жени кои се сексуално активни е нешто што се случува историски, генерација по генерација во нашето општество. И во овој поглед, имав многу пораки од девојчето – „благодарам што си гласот што не можеме да го кренеме“, рече Елиса Баута-Шаќири, активист.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button