ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Постапка за екстрадиција на Игор Спасов

Бегалецот Игор Спасов заврши зад решетки во Бугарија. Полицијата го уапси во Софија, а мотив за тоа било пријава за насилство од негова љубвница, кај која живеел. Таа во полцијата се пожалила дека од Спасов добивала закани. При проверката полицајците утврдиле дека за него е распишана меѓународна потерница за убиството на Мартин Нешкоски во Скопје, па го уапсиле и пријавиле кај македонските колеги.

„Во текот на вчерашниот ден од бугарската полиција бевме известени дека е лоциран Игор Спасов и е постапено по распишаната меѓународна потерница од наша страна. Лицето е приведено и од добивањето на информациајта од бугарските власти веднаш го известивме нашето Министерство за правда кое е надлежно понатаму за процесот за екстрадиција“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Спасов нема веднаш да ѝ биде испорачан на Македонија.

„Министерството за правда во овој момент ги подготвува сите документи кои се потребни за да го поднесе барањето за екстрадиција. Ќе видиме колку време ќе одземе тоа, претпоставувам дека не повеќе од две негели“, рече Александар Видиновски, портпарол на министерство за правда.

И штипскиот суд, кој му го одобри здравственото отсуство на Спасов, а после кое, тој никогаш повеќе не се врати во затворот, ги собира сите документи за екстрадицијата на Спасов.

Осудениот поранешен припадник на полициската единици „Тигри“ требаше да се врати и да продолжи да ја случи 14-годишината затворска казна во ноември 2019 година, но тој исчезна.

Пред извесно време беше лоциран на аеродром во Швајцарија, а според бугарските медиуми, Спасов во Софија дошол од Турција. Се истражува како влегол во Бугарија. Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешкоски кое се случи вечерта по прославата на ВМРО – ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година. Од тогаш, па сè до 2018 ја издржуваше казната, но потоа доби дозвола да излезе поради здравствени проблеми. Се истражуваше и неговото бегство, но засега штипското обвинителство не откри ништо сомнително.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button