36 кривични пријави за фалсификување на возачки дозволи, 8 од нив во рамките на МВР

Министерството за внатрешни работи ја официјализираше акцијата што Алсат ексклузивно ја објави на 27 јануари. Секторот за внатрешни работи поднесе 36 кривични пријави против организирана криминална група за фалсификување возачки дозволи. Од 36 пријави доставени до Обвинителството, 8 од нив се против вработените во МВР, дознава Алсат.
„Поднесени се 36 кривични пријави за фалсификување на возачки дозволи. 8 од нив се против вработени во Министерството за внатрешни работи, против кои е поднесена пријава под сомнение за „злоупотреба на службена должност“, „службена неодговорност“ и „фалсификување службена исправа“. Во исто време, се поднесени пријави против 28 граѓани под сомнение за поттикнување кривично дело“, наведуваат од МВР.
МВР открива дека пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила. Едно лице од вработените во Одделот за административни работи на Министерството за внатрешни работи во Скопје е уапсено и се очекува да се појави пред истражен судија.