Бајден побара од Вучиќ признавање на Косово

Американскиот претседател Џо Бајден го честиташе денот на државноста на Србија и порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово „кој е фокусиран на меѓусебно признавање“.
Бајден во честитката порачува дека сад ја охрабруваат Србија да презема тешки чекори кон европските интеграции, како неопходните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање.
Експресно одговори и Вучиќ кој покрај благодарноста за честитката, враќа дека меѓусебното признавање, не е наведено во актот на ниедна светска организација.
Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков, вели Вучиќ.