РЕГИОН
Излезноста на гласачите во Косово до 16:00 часот, над 37%

Коалицијата на организации за набудување на изборите во Косово, „Демократија во акција“ (ДиА) објави дека до 16:00 часот гласале околу 37 проценти од избирачите со право на глас.
Евген Цаколи од оваа коалиција, рече дека во изборниот процес оваа година има зголемен тренд на излегување на избори, во споредба со парламентарните избори во 2019 година.
Според него, Приштина и Урошевац се градовите со најголема излезност, во кои има мнозинско албанско население. Излезноста во овие два града е над 40 проценти.
Општина Призрен е град со најмала излезност.
Општините со мнозинско српско население и натаму имаат најголема излезност, над 50 проценти.
1.794.862 граѓани имаат право на глас на предвремените парламентарни избори на 14 февруари.