РЕГИОН
Утре во Албанија пристигнуваат 7000 вакцини од Фајзер

Во Албанија утре треба да пристигнат 7.000 вакцини од договорените 500.000 со компанијата „Фајзер“. Претходно, во почетокот на месецов во земјата пристигнаа 1.170 а до крајот на месецов треба да пристигне нова количина или вкупно 40.000 вакцини. Вакцинацијата во Албанија почна на 11 минатиот месец по добиената донација од 975 дози вакцини од, како што рече премиерот Еди Рама, пријателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено. Според официјалната статистика до сега две дози од вакцината добиле 540 здравствени работници и премиерот Рама, додека првата доза ја примиле 689 здравствени работници.