РЕГИОН

Избори во Косово – според анкетите води „Самоопределување“

Заврши гласањето на предвремени парламентарни избори на Косово. Излезноста, според Централната изборна комисија е 46,73 отсто, односно повеќе од 780 000 граѓани со право на глас, гласале на избирачките места во Косово до 19 часот.

Advertisements

Според излезните анкети, „Самоопределување“ на Албин Курти освои 41,8 отсто од гласовите.

Опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) е на второ место со 16,5 отсто од гласовите, Демократската лига на Косово е на трето место со 15,2 отсто, додека Алијансата за иднината на Косово се проценува дека освоила 7,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети на приштинскиот инситут ПИПОС и ТВ Клан Косово.

На овие, осми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 28 политички субјекти, од кои 21 политичка партија, две коалиции и пет граѓански иницијативи.

Косово организираше предвремени избори откако Уставниот суд во декември 2020 одлучи дека актуелната влада на Хоти е нелегитимна. Ваквата иницијатива до судот покрена поранешниот премиер, Албин Курти од причина што за владата на Хоти гласал пратеникот Етем Арифи кој претходно бил правосилно осуден за измама од 1 година и 3 месеци затвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button