ВМРО почна да собира потписи за да се одложи пописот во април

ВМРО- ДПМНЕ започна со собирање на потписи за одложување на најавениот попис во април. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски задоволен од интересот на граѓаните кои го дале својот потпис во првиот ден од кампањата. Според него, планираниот попис е неевропски и уште отсега наместен.
Замислете четири години ние буквално потонавме во ова политичко мучуриште и тиња, буквално ниту еден проект не направија почнувајќи од почеток до крај. Замислете на што ќе личи овој попис направен во 20 дена по рецепт скорен од Зоран Заев и СДСМ? Јас ќе ви кажам. Тоа ќе биде една обична бламажа и обичен срам – изјави Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДМС со порака до опозицијата дека иницијативата на собирање на потписи нема да го да го одложи одржувањето на пописот.
ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти-народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава. Оттука, јасно е дека овој потег на Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови. Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата, нема да успеат – рече Снежана Калеска-Ванчева- пратеничка на СДСМ.
Теренскиот попис на населението се планира да се одржи од 1 до 21 април. Пред тоа на 1 март ќе почне електронскиот попис на дијаспората.
Андреа Чобанова