Членовите на ДИК сложни за терминалите за отпечатоци и за контрола на личните карти

Членот на ДИК од редовите на СДСМ, Оливер Ристовски, потенцира дека интензивно работат терминалите за отпечатоци да се користат на претстојните локални избори, гарантирајќи целосна безбедност за личните податоци на граѓаните.
Дитмире Шеху од ДИК вели дека добиле гаранција и од Министерството за финансии за обезбедување средства за терминали за отпечатоци од прстите.
„Досега не добивме негативен одговор од ниту една институција, почнувајќи од Министерството за финансии што ни овозможи и ни ги даде потребните средства кога го поднесовме барањето. Министерството за внатрешни работи исто така беше отворено за соработка за време на состанокот. Очекуваме средба со Агенцијата за лични податоци.“
Од Министерството за правда велат дека грижата за заштитата на личните податоци е неопходна и тоа е нагласено во последниот извештај на мисијата на ОДИХР, каде што стои дека се потребни законски измени за одредбите каде треба да се вметнат барањата за заштита на личните податоци.
Mefail Ismaili