ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дел од компаниите ќе треба да ги вратат земените државни пари

Сите компании кои користеле државна помош за исплата на плати задолжително ќе треба да поднесуваат обрасци до Управата за јавни приходи. Дел од нив ќе треба да вратат до 50 отсто од земените државни пари, на три месечни рати без камата. Од УЈП појаснуваат дека различни се условите на фирмите кои треба или не треба да ги вратат парите во зависнот од тоа кога ја користеле помошта.

– Финансиската поддршка земена за месеците април, мај или јуни е неповратна доколку компанијата висината на износот на земената помош го искористила во инвестиции во вработени, оперативни подобрувања и продуктивен капитал, со што помошта се претвора во грант.

– Финансиската помош земана во месеците октомври, ноември или декември е неповратна доколку искажал негативен финансиски резултат во Билансот на успех, не искажал даночна основа во Годишниот даночен билан за утврдување на данок на доход и доколку нема обврски по основ на неплатени даноци и придонеси.

Сметководителите велат дека за обрасците знаеле кога се носела уредбата, но не и за низата потребни документи доколку се потврди дека фимата е во загуба.

„Оние фирми кои што се во загуба ќе треба УЈП за некој од нив по службена должност да проверува дали се на листата должници но доколку во меѓувреме се променила состојбата треба хартиено да вадиме од УЈП уверение за платени даноци и придонеси и истото хартиено да го приложиме во регионалната дирекција. Значи вадиме образец од УЈП за да го приложиме во УЈП што за мене нема смисла.“

Засега нема податок колку од стоте илјади комапнии ќе треба да ги враќаат парите, се додека не завршат роковите за поднесување на завршни сметки. Последната помош за исплата на плати е за месеците февруари и март, условите за да се врати земената помош од државата е истата висина да ја инветсираат.

Andrea Cobanova

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button