ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Град Скопје утре седница за новите имиња на улици и други објекти

Предлозите за нови имиња на патишта, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Скопје се очекува утре да добијат зелено светло на седницата на градскиот Совет. По бројните реакции во јавноста за некои од избраните имиња, посебната комисија за таа намена соопшти дека списокот го предложиле граѓани, организации и здруженија. Изборот не бара посебни критериуми, освен лицата да не бидат живи. Но, во предлозите има и такви кои се и понатаму меѓу нас.

„Имињата и поимите што се веќе во Регистарот и оние термини што можат да предизвикаат полемики и поделби се отстранети од предлозите. Вклучувањето на живи луѓе не е вообичаено, номинираните беа контактирани и прифатиле.“

Меѓу предложените имиња се Абдил Фрашери, Азем Марана, Арберија, 28 Ноември, Азем Хајдари. Сепак, тука се и имињата на лица како што е починатиот бизнисмен Енвер Малиќи, новинарот Сефер Муслиу и каратистот Енвер Идризи, кој е жива фигура. Професорот Веби Беџети смета дека имињата на личностите треба да бидат сеопфатни и да се соочат со сите предизвици на времето.

„Треба да има недискутабилни фигури. Да не се случи и во иднина како што беше со Скопје 2014. Не сум против нови личности, но сепак ако земаме личност што одреден момент имала многу големи резултати на светско ниво, сепак мора да се погледнат и другите сеопфатни аспекти на истата личност за да се соочи со времето, а не да тргнеме од некоја заслуга од еден сегмент. Мислам дека овие прашања треба да се третираат малку посериозно, попрофесионално и зошто да не одиме дури и со имиња од времето на Илирите, илирските родови што живееле на овие земји.“

Професорот Беџети оценува дека изборот на имиња на личности треба да се направи на институционален начин.

Melihate Rustemi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button