ЕКОНОМИЈА

Од Стопанската комора очекуваат партиите да ги исполнат ветувањата кон стопанството

Од Стопанската комора очекуваат партиите да ги исполнат ветувањата што стопанството ги доби пред изборите. Антонио Пешев од оваа комора рече дека во текот на кампањата сите политички партии дале ветувања за економски развој.

Пред изборите во Стопанската комора најголемите партии дојдоа со подготвени програми. За краток период стопанствениците имаа можност да слушнат што планираат да направат доколку бидат дел од идната влада. Бизнис секторот неколку пати потенцираше дека досега ниту една влада не ги слушала доволно нивните проблеми. Но, овој пат нема да дозволат да бидат измамени. Генерално, во програмите на политичките партии фокусот е ставен на економијата, за дел од овие говори препознаваат политичка понуда, но и застарен модел на собирање гласови.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button