По барање на Кина, повлечен е авансот за набавка на кинеските вакцини

Дали станува неизвесна набавката и пристигнувањето на кинеските вакцини откако на барање на Кина, македонските власти го повлекле авансот уплатен за достава на вакцините. Од Министерство за здравство за Алсат потврдија дека авансот за кинеските вакцини бил повлечен но тврдат дека станувало збор за дополнително усогласување, а не за откажување на пратката. Договорот со кинеската компанија Синофарм беше потпишан на 8 февруари, а аваност беше уаплетан четири дена подоцна односно на 12 февруари.
Министерство за здравство
„Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот „Синофарм“ во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја.“
Но од Министерството за здравтство не прецизираат кој е најкусиот можен рок, откако претходно неколкупати дадените рокови беа пробиени. Нејасно останува и зошто властите не можат да одговорат на барањата од фармацевските компании со што кончено и во Македонија би започнал процесот на имунизација.
„ Секојдневно има некои нови прашања од компаниите и тоа важи за сите компании. Стигнуваат информации и барања од „Астра зенека“ преку ковакс механизмот. Од „Фајзер“ се уште го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме овие денови после потпишувањето на договорот и секако со кинеската. Така да во следните денови верувам точно ќе можам да кажам кој ден ќе пристигнат вакцините.“
Граѓаните ги очекуваа вакцините до крајот на месецов, но иако февруари денеска завршува освен донацијата од 8000 вакцини од Србија, не стигнаа ниту кинеските, ниту Фајзер, ниту вакцините од Ковакс механизмот. Владата најавуваше стотици илјади вакцини и тоа 800 илјади дози од компанијата „Фајзер“ , 200 илјади од кинеската „Синофарм“, 833 илјади преку Ковакс и најновото ветување 100 илјади од руската „Спутник“ вакцина.
Досега во земјава вакцинирани се нешто над 1500 доктори од Ковид болниците и за нив има дози за ревакцинација. Во меѓувреме бројот на заболени расте посебно под влијание на британскиот сој со што бројот на заболени сега е над 8200 активни случаи.
Alsat