ВЕСТИСВЕТ

Саркози оди во затвор! Виновен е за корупција

Поранешниот француски претседател, Николас Саркози (66) е прогласен за виновен по две точки од обвинението за корупција и злоупотреба на службената положба. Изречена му е затворска казна во траење од три години од кои едната ќе ја издржува зад решетките, а двете се условни, пренесе Еуроњуз.

Advertisements

Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, цврсто ги отфрли сите обвинувања за време на десетдневното судење кон крајот на минатата година.

Поранешниот претседател е обвинет за обид незаконси да добие информации од висок судија во 2014 година за правните постапки во кои тој бил вклучен.

Обвинителството побара четири години затвор, иако две ќе бидат условни. Одбраната на Саркози побара тој да биде ослободен од обвинение.

Ова е првпат поранешен француски претседател да биде осуден на затвор под обвинение за корупција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button