СВЕТ

Вонредна состојба во Финска, нови мерки поради зголемувањето на бројот на случаи!

Финската влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на случаите со ковид-19, чекор што ќе ѝ овозможи на оваа нордиска земја да затвори ресторани и да воведе други мерки за запирање на пандемијата.

Одлуката е донесена во време кога новите мутации предизвикаа раст на инфекциите во земја која веќе ги затвори своите граници, објави Ројтерс.

Вонредната состојба исто така ќе ѝ овозможи на владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.

„Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти“, рече премиерката Сана Марин.

Неколку фински региони забележаа брз пораст на случаи со ковид-19 во последните две недели, особено меѓу скијачите во Лапланд, бродоградилиштата и работниците на градилиштата.

Финска е една од европските земји најмалку погодена од вирусот корона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button