ВЕСТИСВЕТ

Вакцината еден од условите за патување низ Европа? Лајен: Ќе размислиме како би изгледале „зелените“ пасоши

Европската комисија во март ќе претстави предлог за дигитални пасоши за вакцинација, што може да биде еден од условите за слободно патување низ Европската унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Ројтерс.

– Што се однесува до прашањето како би можеле да изгледаат дигиталните „зелени“ пасоши, ќе размислиме за тоа. Ќе претставиме како би можело да изгледа нацрт-законот, рекла фон дер Лајен за време на видео конференцијата со германските конзервативни пратеници.

Лидерите на Европската унија во петокот го поддржаа воведувањето дигитални сертификати за влез во земјите-членки и отворање на општеството по пандемијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button