СВЕТ

Москва ќе одговори на европските санкции

Русија ќе одговори на новите санкции на Европската унија воведени по притворањето на опозиционерот  Алексеј Навални, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

„Секако дека ќе има реакција од наша страна“, рече Грушко. Коментирајќи го можниот одговор на новите санкции, тој истакна дека засега е бесмислено „да се предвиди со гледање во чаша“.

Грушко додаде дека санкциите на Европската унија водат кон ќорсокак и нелегален пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button