ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До 11 часот околу 21 500 гласачи не гласале за претседател

Во моментот на објавување на овој текст, на интернет страницата на Државната изборна комисија се објавени податоците за излезеноста до 11 часот и тоа по обработени 98,41% од избирачите за денешните претседателски и 98,51% обработени избирачи за парламентарните избори.

Според тие податоци, веќе е јасно видливо дека дел од гласачите ги бојкотираат претседателските избори. Попрецизно, до 11 часот, по обработени 98,51% од избирачите, за пратеници гласале 13,66% од гласачите, додека за претседател гласале 12,47%, по обработени 98,41% од избирачите. Во процентни поени, тоа е разлика од околу 1,19%.

Ако, пак, се земат во предвид апсолутните бројки, тоа значи дека, грубо, околу 21 500 граѓани кои денеска гласале на парламентарните избори, одлучиле да не земат гласачко ливче за избор на претседател. Попрецизно, на обработени 98,51% од избирачите за парламентарните избори, бројот на гласачи кои го оствариле граѓанското право изнесува 244 325. Во исто време, на вториот круг од претседателските избори, по обработени речиси идентични 98,41% од избирачите, на гласање излегле 222 666 граѓани. Разликата изнесува 21 659 со потенцијал за мали промени поради преостанатите необработени избирачи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button