ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев го покани ВМРО ДПМНЕ да формираат широка влада, Ахмети против, Алијанса-Алтернатива со свои услови

Изјавата на премиерот Зоран Заев каде ја покани опозицијата да стане дел од Владата предизвика реакции кај другите политички претставници. Заев за „Слободен печат“ изјави дека од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побарал формирање заедничка влада, но дека не може да постигне договор.

Но, партнерот во владејачката коалиција, односно лидерот на ДУИ, Али Ахмети, мисли поинаку од премиерот Заев. Тој смета дека работата на опозицијата е да биде опозиција.

„Мисијата на опозицијата е да ги изрази своите забелешки, дури и ако не се на место, затоа што улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни демократски земји е дека тие само во посебни случаи можат да станат дел од важен процес за земјата, во спротивно тие имаат должност да не се согласуваат со парламентарното мнозинство“, изјави Ахмети.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се подготвени да разговараат за експертска влада што ќе ја води непартиска личност, која исто така ќе организира предвремени парламентарни избори.

Опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива е подготвена да влезе во широка Влада, но со свои услови.

„Ако тоа навистина го мисли, Алијанса за Албанците би била подготвена да го разгледа тоа, ако претходно таа проширена Влада се обврзе на уставни измени и да го тргне 20% за јазиците. Новата Влада да се обрати до ЕУ за таск форс судии и обвинители за да се отворат монтираните политички процеси и секако, тоа што беше понудено од нас како коалиција Алијанса и Алтернатива за државјанството, да се деблокира тоа и еднаш засекогаш да се реши проблемот на граѓаните кои немаат државјанство тука во Северна Македонија“, рече Зијадин Села, АА-ААА.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски неколку дена е во изолација поради корона вирусот, и досега не го коментираше лично јавниот повик на Заев.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button