РАКОМЕТ

Лазаров се сретна со ракометарите за дуелот против Данска

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска за прв пат се сретна со повиканите ракометари, во новата улога, во пресрет на европските квалификациски натпревари, против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Данска. На списокот на Лазаров, кој ќе биде во улога на тренер и играч, се наоѓаат 23 ракометари, но денеска беше забележано отсуството на некои од нив поради нивните обврски во клубовите каде што моментално играат.

Ракометната репрезентација на Македонија се очекува да биде комплетирана во понеделник и пред почетокот на тренингот, сите ќе поминат на тест за ковид 19. Првиот дуел со Данска е на 11 март во Скопје, додека три дена подоцна, Македонија ќе гостува во Алборг. По две кола, Македонија и Данска ја делат првата позиција со две победи, додека без бодови останаа Финска и Швајцарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button