ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР заплени повеќе од половина тон марихуана

Над половина тон марихуана заплени полицијата. Во две посебни акции МВР соопшти дека пресекла два канали за транспорт на дрога на југот од земјава. Во првиот случај откриено е дека шемата за транспорт била, Косово – Македонија – Грција. Крајна дестинација на 424 килограми марихуана била Турција. Анализата на МВР покажала дека доколку дрогата стигнела во Турција, нејзината цена на нарко пазарот би достигнала еден милион евра.

Advertisements

За организацијата на транспортот на граничниот премин со Грција приведен е 47 годишен скопјанец и одземен му е телефонот. За да го организира транспортот на дрогата пред да биде уапсен бил на Косово за да ги договори деталите.

„Покрај легалниот товар отпадна хартија пронајдена е и марихуаната. Во текот на денешниот ден против лицето од Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и ќе биде изнесено пред судија за претходна постапка“, рече Тони Ангеловски, Портпарол на МВР.

Полицијата пресретнала уште еден обид во Грција да се внесе марихуана. Во дослух со Агенцијата за национална безбедност и армијата, во село во близина на границата со Грција, уапсени се две лица и кај нив пронајдени се 93 килограми канабис. Пред да бидат приведени пробале да избегаат.

„Приведени се две лица. Дрогата е запленета во близина на јужната граница во атарот на село Селемли. Исто така изврешени се пет претреси на општина Гевгелија“, додава Ангеловски.

МВР информрира дека по заплената во селото Селемли постапувала и полицијата на Грција за да се утврди каналот за трговија со наркотици.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button