МАКЕДОНИЈА

Нов земјотрес во Гостиварскиот регион

На 14 километри југозападно од Гостивар вечерва повторно е регистриран земјотрес. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првично извести дека земјотресот бил со јачина од 3.8, но подоцна податоците ги промени во 4.5 според Рихтер.

Advertisements

Веќе неколку дена тлото во Гостиварскиот регион не се смирува. Серија земјотреси со епицентар во Маврово беа регистрирани во последниве два дена, а локалната власт ги предупреди жителите и граѓаните кои викендов престојуваат во викенд-населбите во Маврово да не ја користат водата за пиење.
Како што информираше градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, до институциите не биле пријавени никакви материјални штети по двата земјотреси со јачина од околу 5 степени според Рихтер што се случија во петокот.

Земјотресите беа почувствувани и во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button