ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До изградбата на новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово, овие две институции продолжуваат да работат во лоши услови

150 илјади наслови во 200 квадратни метри, близу 5 илјади активни читатели, преполни полици, многу тесни простории и несоодветни услови, е погледот што се гледа во библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово. До завршувањето на новата зграда на Центарот за култура, каде што ќе биде преместена, библиотеката ќе остане во таа состојба. Вршителот на должноста директор на библиотеката, Махи Муртезани, вели дека имаат дури и материјали што не можат да ги стават во употреба поради недостаток на простор.

Библиотеката работи во минимални услови за работа. Ние, кои работиме тука, и нашите читатели знаеме колку пречки имаме во служењето на нашите читатели, обезбедување на нова литература, обезбедување читални, интернет, дневен печат, Службен весник … сите овие се сектори кои ги има во располагање библиотеката, но ги редуциравме заради условите и просторот “.

Под подобри услови, Муртезани верува дека бројот на читатели би бил неколку пати поголем. Овие слики не го намалуваат интересот на читателите за читање, кој, во оваа библиотека, се зголеми за 20% за време на пандемијата. На истите стари простори со библиотеката е и Центарот за култура и Театарот на Тетово. Новоназначениот директор на Центарот за култура, Арлинд Хусеини, вели дека работат во тесни простори, без услови и без инвестиции.

„Имавме барања почнувајќи од куполата/кровот нагоре, капе во моментот. Сега за оваа година имаме инвестиција, под наводници „капитална“ од 1 милион денари. Таа купола не се прави со тие средства. Третиот кат е без струја. Сега не смееме да ја поправиме електричната енергија, затоа што капе од куполата “.

Камен-темелникот на новиот објект беше поставен во 2014 година и на крајот на минатата година изградбата беше завршена, но ќе бидат потребни уште неколку години за најкомплицираната фаза, комплетната подготовка на објектот за работа, електричната инсталација, санитарија, и подготвувањето на салите.Во изборната програма на ДУИ за 2014 година, беше ветено завршување на изградбата, или првата фаза за 2016 година. Имаше и други ветувања, вклучително и ветувањето дека објектот ќе биде отворен за употреба во 2017, 2019 година и така натаму.

„Официјалното пуштање во употреба на овој објект ќе се случи во 2019 година“, – изјави за Порталб, државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, го прими тимот на Алсат во просториите на новиот објект. Тој вели дека ќе бидат потребни уште четири години додека да „заживее“ објектот.

„Буџетот е гарантиран за следните пет години од Министерството за финансии и веруваме дека 2021 година ќе биде година кога ќе започне втората фаза, откако ќе започне процесот на тендерирање и ќе се заврши за втората фаза. Тоа е многу сложен објект, најголем во регионот во изградба и веруваме дека до 2025 година ќе бидеме подготвени да го пуштиме во употреба“.

Новиот културен центар беше главниот збор на кампањата за локалните избори во овој град.

“Ќе го направиме Тетово центар на богат културен, образовен и спортски живот, со градска библиотека и студентски центар, театар, кино, музеј и посебни простори за рекреација.”

Цели осум години по давањето на ова ветување, по два мандати на чело на општината и десетици други ветувања, реалноста е поинаква.

„Општина Тетово сега не сакаше да се изјасни за доцнењето во изградбата на новата зграда на Центарот за култура во Тетово. Надлежностите, велат тие, им припаѓаат на Центарот за култура и Министерството за култура. Освен што овој проект не беше завршен во првиот мандат на градоначалничката Теута Арифи, како што беше ветено во кампањата, не беше завршен ниту во нејзиниот втор мандат. “

11 милиони евра чинеше целата прва фаза од проектот, и 20 до 25 милиони евра ќе бидат трошоците за нивната фаза. Објектот има вкупна вредност од 40 милиони евра, и површина од 26 илјади квадратни метри.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button