ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје празно – многу граѓани ги споија празниците

Колона од автомобили и долго чекање беше атмосферата за првомајските празници на граничните премини во земјава. Многу граѓани чекаат и по еден час за да влезат во Грција, а ваквата состојба продолжи и во наредните денови.

Иако 2 мај е работен ден, скопските улици денеска изгледаа празни.

Голем број граѓани 1-ви мај и велигденските празници ги комбинираа со продолжен викенд и тоа предизвика овие денови да има повеќе гужва на граничните премини. Дел од граѓаните сметаат дека во годишниот календар има доволно неработни денови и се против поврзување на празниците со работните денови.

Од Авто мото сојуз велат дека интензитетот на сообраќај на граничните премини од нашата држава нема повеќе задржувања за влез и за излез од државата. Меѓу останатите неработни денови од оваа недела, неработен ден е и 8 мај поради парламентарните и претседателските избори.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button