ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Само неколку дена пред парламентарните избори во земјата, Тирана го прогласи за „почесен граѓанин“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Албанскиот премиер Еди Рама, во воведното обраќање, осврнувајќи се на политичкиот плурализам на албанските партии во Македонија, рече дека се игнорира ризикот од политичко слабеење на Албанците. Сепак, Рама рече дека не сака јавно изразениот став за случувањата во Македонија да се толкува како мешање во изборната кампања.

„Без Али Ахмети, Албанците од Северна Македонија немаше да ги имаат најдобрите денови во историјата на таа држава, ниту пак ќе имаа толку динамичен демократски плурализам во периметарот на животот на албанските партии што ќе си дозволеа да го игнорираат ризикот од давење во лажичката за борба за поголема моќ, со потценување на реалната можност за политичко слабеење на албанскиот фактор“, рече Рама.

Сепак, партијата на Ахмети беше многу критична кон поддршката што косовскиот премиер Албин Курти ја даде на албанската опозиција во земјата, опишувајќи ја како мешање.

„Инаку, не можете да го дефинирате освен како мешање, бидејќи премиерот, дури и под изговор дека е претседател на политички субјект, во секој поглед, се смета за мешање. Мислам дека тоа не е добро за самото Косово, туку и за субјектот што го води“, рече Џафери.

Политичкиот аналитичар Кенан Алиу, оценува дека и во двата случаи очигледно постои наклонетост на челниците на албанските држави за еден политички блок во земјата, но смета дека тоа не е ништо невообичаено, туку дека се случува и во други држави. Алиу вели дека ваквите настани во предизборниот период се намерни.

„Ова не е случајност, ова е планирана наклонетост. И сосема е депласирано да се критикува премиерот Курти за наклонетост што и тој всушност ја направил. Не гледам ништо трагично тука. Таква наклонетост е направено и од моќни луѓе на држави. Во западниот свет, ова е култура. Се поставува прашањето зошто г. Ахмети не беше награден со титулата почесен граѓанин во друга агенда од страна на Општина Тирана и Призрен, туку му се даде при одржување на изборите. Значи, право на општините е да го дадат ова звање и тоа можеби е заслужено. Тоа е нивен проблем, но наклонетоста е очигледна. Затоа, стигматизацијата на премиерот Курти за пасивна наклонетост е депласирачка.“, вели Ќенан Алиу, политички аналитичар.

Пред само неколку недели Ахмети беше прогласен за почесен граѓанин и на Општина Призрен. Во пресрет на парламентарните избори во 2016 година, Ахмети беше одликуван од тогашниот претседател на Косово, Хашим Тачи.

Во меѓувреме, актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, во последниве месеци неколкупати се сретна со лидерите на албанската опозиција, изразувајќи отворена поддршка за нив.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button