ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судбината на законот за државјанство во собрание сè уште не е позната, иако ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите

ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите од законот за државјанство, но опозицискиот предлог на Алијанса за Албанците и Алтернатива сѐ уште е во собраниска процедура. Во моментов, сè уште не е јасно дали сегашниот предлог ќе биде повлечен и ќе биде поднесен друг предлог врз основа на договорот меѓу владата и албанската опозиција или сегашниот предлог ќе биде дополнет со амандмани. ВМРО-ДПМНЕ бара верзијата што моментално е во Собранието да биде ставена на гласање и очекува да не ги добие потребните гласови.

Advertisements

Оваа партија побара да има пристап и до новиот предлог за државјанство и детално да се информира за договорот од средбата меѓу Заев, Села и Гаши. Засега велат дека немаат идеја за што е договорено. Од СДСМ велат дека постапката ќе продолжи.

На средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зиадин Села и Африм Гаши, беше постигнат принципиелен договор за законот за државјанство. До крајот на неделава, договорот ќе се претвори во законски одредби кои ќе бидат донставени во собраниска процедура. Едно решение, според партиите, би било лицата што бараат државјанство да обезбедат докази во форма на документи дека живеат подолго време во земјава.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button