ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

КСС утре на протест пред Владата

Центарот на Скопје утре во попладневните часови ќе биде во тотална блокада. Причина за тоа е најавениот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати. Протестот е најавен за во 16 часот. А, заради почитување на ковид-протоколите синдикалците ќе бидат во автомобили и преку поворка ќе го изразат своето незадоволство од како што велат моменталниот социо-економски статус на работниците во Македонија.

Поворката со автомобили ќе започне од пред зградата на Македонската телевизија и ќе се движи до Собранието, а крајна дестинација е владината зграда на Илинденска. На протестот веќе најавија присуство и поддршка уште неколку синдикални организации како СОНК, Независниот синдикат на одбраната, Синдикатот на администрацијата, синдикатот на угостителите и на пензионерите. Во исто време пред владата ќе протестираат и организаторите на настани како и од свадбената индустрија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button