РЕГИОН

Албанија од денеска воведува двонеделен карантин за сите од Македонија и од Грција

Албанија од денеска воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Северна Македонија и од Грција. Одлука за тоа вчера донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај. „Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button