ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мажот кој ја уби сопругата е надвор од животна опасност

Мажот кој синоќа ја уби сопругата, а потоа се обиде да се самоубие е надвор од животна опасност. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека се собрани траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена и обдукција врз телото на починатата.

Advertisements

Убиството се случи синоќа во Струга, додека сопружниците биле на гости кај пријатели. Од СВР Охрид велат дека сопружниците биле од Битола, со привремено живеалиште во Струга.

„Тука настанала вербална расправија помеѓу сопружниците, при што во еден момент, сопругот со нож и нанел убоди на неговата сопруга. Тој се обидел да избега, меѓутоа бил спречен од страна на пријателите кај кои се наоѓале на гости. Во даден момент сопругот се обидел и сам да се повреди, исто така бил спречен. Подигнати се траги и предмети кои ќе бидат валидни и важни во текот на понатамошната постапка, се до поднесувањето на кривичната пријава“, рече Стефан Димовски-портпарол на СВР Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button