СПОРТ
Нема одложување на Олимписките игри во Токио

Олимписките игри во Токио 2020 нема да бидат одложени и тие ќе се одржат ова лето, како што и беше планирано. Веста беше потврдена на прес конференција од претседателот на Организациониот комитет на Олимписките игри, Сеико Хашимото. Таа изјави дека и покрај загриженоста на граѓаните и владата, ќе бидат преземени мерки против Ковид, така што сè ќе одвива како што треба.„Иако постои голема вознемиреност, загриженост, полемики и страв за иднината, Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио 2020 одлучи да не ги одложи овие Олимписки игри“, рече меѓу другото Хашимото. Инаку, Олимписките игри „Токио 2020“, започнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август.