ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Опозициските партии блокираат 28 закони, тврди Спикерот на законодавниот дом

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и разговорите меѓу Заев и лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши.
-По однос на блокадата, мислам дека лидерите се договорија да ја одблокираат работата на Собранието и јас немам причина да размислувам околу тоа. Ако договориле, имаат координатори тука нека седнат нека кажат што договориле и во која постапка да се одблокира она што е блокирано, рече Џафери.
Според анализата на спикерот, ВМРО-ДПМНЕ блокираат шест, АА и Алтернатива 21, а Левица еден закон.