ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Николовски по разрешувањето на Пауновски: Кодексот мора да важи за сите

Стојко Пауновски е разрешен согласно законот и Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носители на јавни функции вели вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Во следните денови ќе се назначи в.д директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање. Според Николовски засега нема одлука кој би го заменил Пауновски на местото директор на ДПИ.

„Прекршен е членот 4 и членот 6 и Кодексот не може да важи за еден а за друг да не важи. Како што во 20-тина други случаи е постапено од наша страна се костатирани прекршувања на Кодесот. Во следните неколку денови секако дека ќе се назначи в.д директор за да може особено сега во овој период кога се очекува олабавување на мерките во делот на пандемијата да функционира непречено Државниот пазарен инспекторат“, рече Љупчо Николовски- Вицепремиер за борба против корупција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button