ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Земјоделците од Гази Баба и Арачиново ќе добијат обесштетување

Земјоделците од Ченто, Страчинци и Арачиново кои сеуште немаат добиено помош за поплавите во 2016 година, ќе треба да ги почекаат измените на Законот за заштита и спасување. Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за земјоделство да достави извештај за настаната штета на земјоделците од 2016 до 2019 година, со што би се овозможило и овие земјоделци за кои досега немало одлука за надомест да добијат помош. Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа не прецизираше за колку време би бил изготвен законот и кога земјоделците ќе бидат обештетени. Земјоделците неколку пати досега организараа протести со блокирање на патишта бидејќи не им се покриени штетите кои ги претрпеле поради големите поплави.

„Сега не зборуваме за утврдување на штети туку за законска можност да може тие штети да ги разгледа Комисијата и врз основа на извештајот да достави до Владата, а понатаму Владата да одлучи за процентот за обештетување на тие штети. Зборуваме не за немање волја туку за не постење законска можност што веќе Владата го задолжи министерството за одбрана да изготви по брза постапка измена на законот со преодни одредби каде што ќе овозможи сите овие предмети да се преземат од комисијата и соодветно да се постапи“, рече Аријанит Хоџа- Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button