Шабани: Државата ќе обезбеди средства за потребите од реформите во образованието

Заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани во своето денешно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека за сите потреби на учениците што ќе произлезат од реформите во образованието, државата ќе обезбеди финансиска поддршка.
“Со меѓународна и финансиска поддршка, влегуваме во реформата. Дали учениците имаат дигитални алатки, државата треба да ги обезбеди за секој од нив, преку општински алатки со блок дотации”, рече заменик министерот Шабани.
Шабани истакна дека средствата првично ќе бидат распределени на општините, а од таму префрлени на училиштата.
“Тие средства плус од Светска банка, плус други меѓународни донации. Средства ќе бидат обезбедени. Тие ќе им бидат дадени на општините, општините знаат колку ученици имаат, колку училишта имаат. Ќе чини помалку од инвестираното во книгите“, рече Шабани.