ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев за „Катимерини“: Неприфатлива е било каква интервенција во македонскиот идентитет

а европската перспектива и бугарското вето, но и грчката поддршка, за Договорот од Преспа, како и за односите со поранешниот и актуелниот премиер на Грција, говори претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, во интервјуто под наслов „Заедно за Балкан на 21-от век“, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisements

Премиерот Заев објаснува дека и покрај позитивните извештаи од Европската Комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги започна преговорите со ЕУ.

-Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива.  Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со Бугарија и ќе изградиме квалитетна иднина за нас и за идните генерации, објаснува премиерот, потенцирајќи дека минатото не треба да се заборави, но „треба да се градат мостови на соработка меѓу сите балкански земји, бидејќи тоа е единствениот пат што води до успех“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button