МАКЕДОНИЈА

Заев на средба со Туск: Европската народна партија е силен поддржувач на европската перспектива на С. Македонија

Премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров, во Атина се сретнаа со Доналд Туск, претседател на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет.

Advertisements

Премиерот Заев ја искажа својата благодарност до претседателот Туск за поддршката која тој ја даде за Северна Македонија за време на склучувањето на Договорот од Преспа како и за охрабрувањата кои тој ги упатуваше на македонски јазик до граѓаните во тој период, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев го извести Туск дека Владата во Северна Македонија останува силно посветена на реформите во сферата на правната држава, борбата против корупцијата и криминалот, на справувањето со пандемијата, на развојот на економијата и на европските интеграции и дека ќе продолжи политичкиот дијалог со сите чинители со цел обезбедување уште подобри резултати на овие теми.

Туск на премиерот Заев уште еднаш му потврди дека тој и Европската народна партија остануваат да бидат посветен пријател и поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и дека ќе бидат вложени дополнителни напори за поддршка на земјата со цел што е можно поскоро отпочнување на процесот на преговорите.

Премиерот Заев потенцираше дека политичкиот дијалог секогаш носи решенија и во таа насока потврди дека во Северна Македонија постојат и услови и потреби за унапредување на соработката меѓу власта и опозицијата, пред сѐ заради тоа што граѓаните очекуваат заедништво и сплотеност на политичките партии кога се во прашање иднината на земјата и интересот на народот, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button