СВЕТ
Британија размислува дали да ги вакцинира олимпијците

Британската влада сè уште не одлучила дали ќе ја прифати понудата на Фајзер за брзо да ги вакцинира своите олимпијци и параолимпијци против Ковид-19, пред почнувањето на натпреварувањето во Токио ова лето.
Досега Британците вакцинираа само лица над 38 години, иако од следната недела ќе се вакцинираат и лица над 35 години, додека помладите вакцината ќе ја примаат само доколку имаат некакви претходни болести.
„Тоа е чувствително прашање, бидејќи филозофијата се базира на возраста и се покажа како вистинска работа. Најголемиот индикатор е дека возраста е најголемиот фактор. Секако Фајзер им понуди вакцини на олимпијците и ние за тоа ги прашавме“, изјави британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон.