Монтирани случаи, дебата за закон

Нацрт законот за повторна проценка на фактите и доказите користени во судските постапки наоѓа значителна поддршка во Собранието и во заедницата на правни експерти. Оваа законска регулатива ќе овозможи разјаснување на случаите во кои засегнатите страни сметаат дека се повредени нивните основни слободи и права. Заменик министерот за правда, Агим Нухиу вели дека по реформата на безбедносните органи, сега е време да се избегнат последиците предизвикани од злоупотребата на специјалните истражни мерки со измислувањето факти и докази.
„Ние мислиме дека треба да бидат вклучени сите случаи во кои јавноста е загрижена за судски случаи кои се засноваат на неубедливи, односно измислени факти и докази.“
Законските одредби овозможуваат во некои случаи, кога може да се утврди потребата, од повторна проценка на фактите и доказите.
Повреда на правото на еднаквост; правото на слобода и правото на живот; повреда на физичкиот и моралниот интегритет; повреда на презумпцијата на невиност; гарантирање на безбедноста и доверливоста на личните податоци; злоупотреба на заштитени сведоци, лажни сведоци, полицајци или провокатори агенти; злоупотреба на системот АКМИС; повреда на правото на одбрана; измислување факти“.
Нухиу додава дека ставовите на политичките субјекти се различни. Иако постои општа согласност, постојат субјекти кои не се заинтересирани за можностите што ги нуди Нацрт законот дури и во фаза на јавна расправа, иако разјаснувањето на случаите што може да бидат вклучени во овој Закон се дел од изборната програма.
„Постојат политички субјекти кои имаат интерес за овој Закон, но има и такви кои не покажале одреден интерес. Некој смета дека треба да се вклучат од 2007 година па навака, додека ние мислиме дека треба да се вклучи периодот на судски случаи од независноста на земјава па наваму“.
Случаите можат да се отворат или вратат во прва фаза само со волја на страните, односно страната што смета дека имало неправедно судење. До таков момент може да се дојде со претежно нови докази што носат нов момент во епилогот, додека во судското тело не може да биде судијата кој што го имал последниот збор за случајот. Во најдобар случај, новите докази и факти би помогнале да се разјасни случајот „Алфа“, случајот со Бурханедин Нухиу, Насер Ештрефи, Алмир итн.
Adrian Kerimi