ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За поплнување на свидетелствата за основно и средно училиште некои класни раководители од учениците земаат пари

Крајот на учебната година за некои ученици беше горчлива, затоа што за да ги добијат оценките тие требаа да платат пари. Бројни поплаки од ученици во некои од основните и средните училишта во земјава се упатени преку Унијата на средношколци. Тие велат дека класните раководители за да им ги пополнат свидетелствата, од учениците барале пари. Според Унијата овој феномен се случува секогаш на крајот на школската година и дека надлежните органи не реагирале воопшто во спречување на ова појава.

„Средното медицинско училиште во Тетово од учениците бара 150 – 200 денари за свидетелство, а економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за изготвување на свидетелство. Средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје ги принудува учениците да плаќаат 100 денари за свидетелство, а средното училиште „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари за свидетелство.  Постојат многу други училишта кои прават злоупотреби.“

И учениците и родителите го нарекуваат скандалозен фактот дека не е единствената такса што им се наплатува на децата. Здравствено осигурување во случај на повреди во училиште им се наплатува на учениците и за време на учење од далечина кога тие воопшто не биле на училиште. Дел од јавните институции реагираа на ова проблематика. Едно од споменатите средни училишта, вели дека станува збор за злоупотреби на класните раководители за што тие не биле информирани. Заменик директорот на гимназијата „Зеф Луш Марку“ Бесим Лимани, рече дека децата не треба да плаќаат затоа што наставниците добиваат дополнителни хонорари за таа работа.

„Нашиот апел е учениците да не плаќаат затоа што основното и средното образование е задолжително, така што сите трошоци ќе треба да ги сносат властите. Училиштето презема задача и класниот раководител ќе мора да ги пополнува свидетелствата, рачно или електронски, тоа е негов проблем“.

Од Министерството за образование велат дека тоа се изолирани случаи во одредени училишта и дека овие прекршувања на законите ќе ги истражи Државниот инспекторат за образование. Тие рекоа дека свидетелствата се бесплатни од Бирото за развој на образованието и дека учениците не треба да плаќаат за нивно пополнување. Според член 3 од Законот за основно образование и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право да се образува бесплатно во јавните училишта.

Adana Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button