ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 9 нови случаи на ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 1.973 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19, од кои 4 во Скопје, 4 во Тетово и 1 во Кичево. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 53 пациенти. Во последниве 24 часа нема регистрирано смртни случаи на лица позитивни на вирусот.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.931 случаи, од кои 150.223 се излекувани, а 5.487 починале. Во нашата земја во моментов има 221 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button