МАКЕДОНИЈА

Левица: Преговорите со Бугарија итно да прекинат

Во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ, каде ќе се одлучува за стартот на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ, на чиј пат стои препреката на Бугарија, ја предупредуваме јавноста дека и покрај тоа што премиерот Заев нѐ убедува дека не преговара ниту за јазикот, ниту за идентитетот, сепак, поучени од претходно, нема сомнеж дека спрема уште едно велепредавство!, велат од опозициската партија, Левица.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓудругото се додава:

Впрочем, оттука и апсолутната нетранспаретност на Владата во однос на предлогот кој Заев скоро го достави до официјална Софија – трговецот на пиперки и бостан со амбиции да ја распродаде државата преговара токму за јазикот и историјата, поточно продолжува да го разнебитува темелот на националниот идентитет.

Потребно е веднаш да се прекинат преговорите со Бугарија и во Собранието на Македонија, на дневен ред да се најде предлог – Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, која пратениците на Левица ја поднесоа уште во октомври минатата година. Претседателот на Собранието, неисполнувајќи ја деловничката должност која му ја налага функцијата, без нималку политичко достоинство, упорно ја задушува оваа наша иницијатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button