ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Кинезите изградија зграда од 10 ката за 28 часа!

Кинеска компанија изгради 10-катна зграда за само 28 часа и 45 минути во градот Чангша, главeн град на провинцијата Хунан.

Advertisements

Компанијата „Броуд груп“ наведува дека ова е најбрзата конструкција на ваква зграда досега забележана во светот и нагласуваат дека е отпорна на земјотреси и тајфуни.

Зградата е направена од гигантски блокови кои претходно биле изработени во фабриката на таа компанија. Секој блок има челична конструкција и фабрички вградена електрична и водоводна инсталација, како и sидови на кои се завршени внатрешните работи.

Деловите на зградата, слични на контејнери за домување, со камиони биле донесени на градилиштето, каде што потоа машинерија ги поврзала во катови.

„Инсталацијата е многу едноставна: завртките се затегнуваат, а електричните и водоводните инсталации се поврзани, и на тој начин зградата е завршена за само еден ден“, се вели во соопштението на компанијата.

Како што додаваат, на овој начин може да се изградат и други згради, од луксузни резиденции до облакодери со 200 ката.

Новата зграда е 10 пати полесна и 100 пати поотпорна на земјотреси и тајфуни од оние направени на конвенционален начин, тврди кинеската компанија, додавајќи дека трошоците за изградба, како и потрошувачката на енергија се неспоредливо пониски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button