СВЕТ
Демонстрации против владините епидемиолошки мерки во Лондон
Стотици луѓе денеска протестираа на улиците во центарот на Лондон против епидемиолошките мерки, кои поред нив негативно влијаат на забавниот живот и индустрија, особено на работата на ноќните клубови.
Принуден да го одложи укинувањето на мерките, британскиот премиер Борис Џонсон изрази надеж дека ограничувачките мерки ќе бидат укинати на 19 јули.