МАКЕДОНИЈА

За еден ден изречени 471 казна за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 471 возач.

Advertisements

Од нив, соопштија денеска од МВР, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button