ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Не може условите за влез во ЕУ да не бидат европски

Од денеска, на покана на Фондацијата „Андреас Папандреу“, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествува на меѓународен симпозиум Сими, кој по 23-ти пат се одржува во Грција, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Advertisements

Димитров учествуваше на првиот панел насловен „Што е иднината на Европа без Балканот?“ при што се осврна на актуелните предизвици во пристапниот процес на Северна Македонија и влијанието врз политиката на проширување и кредибилитетот на Европската Унија.

„Драстичниот случај на Северна Македонија покрена сериозна загриженост за влијанието и кредибилитетот на ЕУ во регион чијашто иднина природно е да биде европска – во смисла на заокружување на процесот на европско обединување. Искачивме планина на нашиот пат, надминувајќи го проблемот со Грција преку Преспанскиот договор. Но, тој договор беше можен само затоа што Грција го прифати нашето право на самоопределување. Прашањето за тоа кои сме и каков јазик зборуваме е наше и во 21 век не е само неевропски туку е и непристојно друг да го прави. Дали една земја членка, само затоа што е членка, има право да поставува секакви услови на земја кандидат за влез? На пример, да побара да нема слобода на медиуми? Токму ова се случува. Значи тие услови мора да се на линија со европските вредности, оти, наречете ме идеалист, ама за мене, уште од студентските денови, Европа не е само економски џин, туку е збир на идеали и вредности и низ тие вредности треба да биде ценет нашиот напредок“, вели Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button