ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска ќе постапува по наодите за склучени јавни набавки без тендери

Дел од државните институции чии јавни набавки беа прочешлани од ревизорите, биле по барање на антикорупционерите. Според информациите до кои дојде Алсат, Државната комисија за спречување на корупцијата активно ги следела сите набавки поврзани со пандемијата. По нивни сомневања, доставени биле документи до ревизорите за подетална истрага. Дури 88% од набавките биле склучени без тендер, а од буџетот „испумпани“ околу 7 милиони евра. Од Антикорупциска денеска ни најавија дека ќе покренат постапка за овој случај.

Advertisements

„…Дел од наодите кои се објавени во извештајот на Државниот завод за ревизија за склучени договори без јавен оглас се доставени од наша страна… Ќе постапуваме по наодите на ревизорите“, наведуваат од Државната комисија за спречување корупцијата.

Во извештајот на ревизија се наведува дека речиси 90 отсто од договорите на 19 државни институции со определени фирми биле склучени без јавен оглас затоа што наводно имале итна потреба од она што го купувале.

„Во отсуство на прецизно дефинирање на критериуми за “итноста” на набавките и видот на стоки, услуги и работи кои можат да се набавуваат во време на вонредна/кризна состојба, не може да се потврди во целост оправданоста на итноста на дел од постапките“, велат од Државниот завод за ревизија.

Ревизорите под лупа ги ставиле сите документи на 19-тте државни институции поврзани со јавните набавки за периодот од први март до први октомври 2020 година. Ревизорите откриваат и дека по ист принцип, односно со т.н. договарање во четири очи се склучувале и нови договори и во периодот што следел потоа. Министерот за здравство Филипче, вчера тврдеше дека сè било законски.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button