СПОРТ

Македонската репрезентација тргна за Букурешт

Со чартер-лет од скопскиот аеродром, македонската фудбалска репрезентација денеска тргна за Букурешт. Сите тестови за коронавирус на фудбалерите се негативни и во комплетен состав ќе патуваат за Романија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското првенство ќе ги поминат во градот каде што ќе ги одиграат првите два натпревара од континенталниот шампионат.

„Црвено-жолтите“ на Европското првенство се наоѓаат во Ц-групата. Тие на 13 јуни ќе играат со Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button