СПОРТФУДБАЛ

Натпревари од шпанската примера ќе се играат во САД?

Хавиер Тебас, претседателот на Примера, најави дека од следната сезона натпреварите од шпанското првенство би можеле да се играат во Соединетите Американски Држави.

Претходните обиди за вакво нешто пропаднаа поради конфликтите меѓу американската компанија Релевант и ФИФА, кои во меѓувреме се решени.

„Мислам дека тоа би можело да се случи во сезоната 2025/26. Еден ден дефинитивно ќе се случи. Официјален натпревар на територијата на Соединетите Американски Држави би ја зацврстил нашата позиција на северноамериканскиот пазар, кој е втор најголем пазар за Примера по Шпанија“, рече Тебас.

Според него, во таа насока не оди само шпанското првенство.

„Доаѓаат други, многу конкурентни лиги и не можеме секогаш да ги правиме истите работи. Но не смееме да дозволиме ниту да ја престигнат нашата лига“, додаде Тебас.

Примера веќе неколку сезони е во пад во европските натпреварувања, а оваа сезона има само еден учесник во полуфиналињата на УЕФА. Тоа е Реал Мадрид во Лигата на Шампионите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button