РАКОМЕТСПОРТ

Еурофарм и Вардар може да играат само во финалето, Чаир против Вардар

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа ждрепката за завршниот турнир во Купот на Македонија. Оваа сезона најдобрите четири екипи во Купот за трофејот ќе се борат во салата „Борис Трајковски“, а веќе се познати и полуфиналните парови. Еурофарм Пелистер и Вардар ќе може да играат само во финалето, се разбира доколку слават на полуфиналните натпревари против Тиквеш и Алкалоид.

Завршните турнири во двете конкуренции ќе се играат од 17 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Бранител на трофејот е Вардар, кој минатата сезона во возбудливо финале во Охрид славеше над шампионот Еурофарм Пелистер.

Денеска се одржа и ждрепката за полуфиналето во женска конкуренција. Таму ќе се судрат Чаир co Вардар и Куманово со Ѓорче Петров.

 

Полуфинални парови

 

Алкалоид – Вардар 1961

Еурофарм Пелистер – Тиквеш

 

Чаир – Вардар

Куманово – Ѓорче Петров

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button