КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси испуштија „плус 20“, Мареј ја победи сирената за триумф на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 2-0 во осминафиналната НБА серија против Лос Анџелес Лејкерси, откако го добија и вториот домашен меч овојпат со 101-99. „Езерџиите“ имаат за што да жалат во Колорадо бидејќи водеа со 20 разлика на стартот на второто полувреме, меѓутоа му дозволија на шампионот да се врати и на крајот да победи. Интересно е што Денвер водеше само во стартните акции и на крајот од мечот.

Момент на натпреварот дефинитивно беше „базер-битерот“ на Џамал Мареј. Ѕвездата на Нагетси при резултат 99-99 и истек на времето презеде многу тешка двојка од аголот и преку повисокиот Дејвис ја победи сирената. Соиграчите и навивачите беа во делириум и лудо ја прославија победата.

Ентони Дејвис беше најдобар поентер со 32 поени, а фати и 11 скока, додека Леброн имаше 26 поени и 12 асистенции. Во победничкиот табор се истакна Никола Јокиќ со нов „трипл-дабл“ од 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Извор: gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button